Довербата во граѓанските организации [медиуми] |
Tuesday, 15 February 2011 11:12 | |||
Медиумите ја објавија веста во врска со истражувањата на МЦМС за „Довербата во Македонија" .
Свето местоГраѓаните на Република Македонија убедливо најголема доверба имаат во верските организации, покажа истражувањето што во декември лани го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка. За потребите на МЦМС, анкетата теренски ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања по принципот интервјуа лице в лице врз репрезентативен примерок од 1.300 испитаници. Извор: Дневник
Кому му веруваме? Црквите на врвот, странците угоре, партиите на днотоНајмалку им се верува на политичките партии, а најголем пад во довербата на граѓаните во изминативе четири години имаат медиумите. Во капацитетите на сопствената држава веруваат само третина од граѓаните. Од граѓанскиот сектор, населението најмногу им верува на црквите и на верските заедници. Извор: Нова Македонија
Анкети: Го мерат мислењето на нарачателот, не на јавностаАнкетите на партиските институти „Павел Шатев", „Димитрија Чупоски" на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и „Прогрес" на СДСМ може да се сметаат за точни само ако откријат кој од агенциите или од официјалните институти им го изработил истражувањето и каква методологија користел, сметаат експерти за јавно мислење Извор: Нова Македонија
Граѓаните со најголема доверба во црквите и верските заеднициЕден од заклучоците на истражувањето е дека граѓаните имаат висока доверба во "своите" верски институции, а недоверба во различните. Црквите и верските заедници и понатаму остануваат со најголема доверба меѓу граѓаните, покажува најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС. Со 62,9 отсто поддршка, црквите и верските заедници имаат скоро 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации). Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата за 5,2 отсто, но таа е се уште прилично мала во однос на верските организции. Извор: Вечер
Работилница за довербата во граѓанското општествоМакедонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС денеска организира работилница на тема „Довербата во граѓанското општество и познавање и мислења за граѓанските организации". На работилницата ќе бидат презентирани и дискутирани двата дела од извештајот „Довербата во Македонија". Ова е четврт извештај кој се однесува на довербата во граѓанското општество, по првите три во 2006, 2007 и 2008 година. Истражувањето во извештајот е спроведено со теренска анкета во домаќинства во декември 2010 година на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања. Извор: МТВ
Граѓаните имаат најголема доверба во црквите и верските заеднициЦрквите и верските заедници и понатаму остануваат со најголема доверба меѓу граѓаните или со 62,9 отсто. Како и во 2008 година, црквите и верските заедници имаат скоро 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации). Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата или 5,2 отсто, но се уште граѓаните имаат помала доверба кај нив. Извор: МИА
Граѓаните имаат најголема доверба во црквите и верските заеднициЦрквите и верските заедници и понатаму остануваат со најголема доверба меѓу граѓаните или со 62,9 отсто. Како и во 2008 година, црквите и верските заедници имаат скоро 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации). Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата или 5,2 отсто, но се уште граѓаните имаат помала доверба кај нив. Извор: Пресс 24
Партиите ги злоупотребуваат граѓанските организацииПартиите ги злоупотребуваат граѓанските организации, потенцирале повеќе од 51.3 отсто анкетирани граѓани на анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка. „Мнозинството граѓани или 51,3 отсто сметаат дека политичките партии ги злоупотребуваат граѓанските организации, односно ги присвојуваат нивните ставови кога имаат партиски интерес, а кога немаат интерес ги осудуваат како блиски на другата страна", вели Емина Нурединовска, раководител на одделение за граѓанско општество од МЦМС. Извор: Журнал
Граѓаните и веруваат на црквите и верските заеднициДури 63 отсто од граѓаните најмногу и веруваат на црквите и на верските заедници. „Како и во 2008 година, црквите и верските заедници имаат речиси 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации). Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата или 5,2 отсто, но се уште граѓаните имаат помала доверба кај нив", покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС. Извор: Журнал
Црквите и верските заедници уживаат најголема доверба кај граѓанитеЦрквите и верските заедници и понатаму остануваат со најголема доверба меѓу граѓаните или со 62,9 отсто. Како и во 2008 година, црквите и верските заедници имаат скоро 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации). Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата или 5,2 отсто, но се уште граѓаните имаат помала доверба кај нив. Извор: Курир
Работилница за довербата во граѓанското општествоРаботилница на тема „Довербата во граѓанското општество и познавање и мислења за граѓанските организации", денеска е организирана во Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС. Извор: Курир
Граѓаните најмногу веруваат во црквите и верските заеднициЦрквите и верските заедници и понатаму остануваат со најголема доверба меѓу граѓаните - 62,9 отсто. Како и во 2008 година, црквите и верските заедници имаат скоро 20 проценти повеќе поени отколку граѓанските организации (здруженија и фондации) Кај синдикатите и стопанските комори има умерено зголемување на довербата или 5,2 отсто, но се уште граѓаните имаат помала доверба кај нив. Извор: Кирилица
Партиите ги злоупотребуваат граѓанските организацииПартиите ги злоупотребуваат граѓанските организации, потенцирале повеќе од 51.3 отсто анкетирани граѓани на анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка. „Мнозинството граѓани или 51,3 отсто сметаат дека политичките партии ги злоупотребуваат граѓанските организации, односно ги присвојуваат нивните ставови кога имаат партиски интерес, а кога немаат интерес ги осудуваат како блиски на другата страна", вели Емина Нурединовска, раководител на одделение за граѓанско општество од МЦМС. Извор: Журнал
ЗЕЛС ја препознаваат 70, 8 % од анкетираните, изнесено во извештајот ,,Доверба во институциите и во граѓанското општество во Македонија"ЗЕЛС е организација која ја препознаваат 70,8 % од анкетираните, а 30,5% од нив точно можат да објаснат за каква организација станува збор. Исто така, на прашањето во кое се барало анкетираните да посочат конкретна граѓанска организиација која придонесува за локалниот и руралниот развој, најголемиот процент ја посочиле токму ЗЕЛС. Извор: ЗЕЛС
|