МЦМС бара ко-модератор за АЕРОДОРМ |
Tuesday, 25 August 2009 09:25 |
Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Аеродром. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 27 август 2009 година. Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ). Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општина Аеродром ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите. Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Квалификации и искуство:
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 27 август (четврток), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it |