МЦМС бара ко-модератор за АЕРОДОРМ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС бара ко-модератор за АЕРОДОРМ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 25 gusht 2009 09:25

Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Аеродром. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 27 август 2009 година.

Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ).

Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општина Аеродром ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Ко-модерирање на форумските сесии;
  • Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
  • Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
  • Помош на модераторот при водењето на сесиите;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, ECXELL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладини организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фацилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 27 август (четврток), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje МЦМС бара ко-модератор за АЕРОДОРМ