МЦМС бара ко-модератор за општините РАДОВИШ И КОНЧЕ |
Tuesday, 25 August 2009 09:18 |
Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општините Радовиш и Конче. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 28 август 2009 година. Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ). Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општините Радовиш и Конче ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7-9 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите. Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Квалификации и искуство:
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 28 август (петок), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it |