МЦМС бара ко-модератор за општините РАДОВИШ И КОНЧЕ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС бара ко-модератор за општините РАДОВИШ И КОНЧЕ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 25 gusht 2009 09:18

Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општините Радовиш и Конче. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 28 август 2009 година.

Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ).

Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општините Радовиш и Конче ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 8 месеци, до 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7-9 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Ко-модерирање на форумските сесии;
  • Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
  • Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
  • Помош на модераторот при водењето на сесиите;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, ECXELL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладини организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фацилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 28 август (петок), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje МЦМС бара ко-модератор за општините РАДОВИШ И КОНЧЕ