Покана за учество на обука за добро управување во граѓански организации |
Thursday, 13 September 2007 01:00 |
“Како да се идентификуваат вистинските луѓе за Управен одбор во организацијата“? “Која треба да биде улогата на управните органи во споредба со извршните органи“? “Дали треба да се разграничат извршната и управната улога во граѓанските организации и кои се начините да се стори тоа“? Одговор на овие и другите прашања од областа на добро управување во граѓанските организации ќе добиете на тридневната обука со наслов „Добро управување - зголемена оддржливост“, која ќе се одржи од 28-30 септември 2007 година во х. Континентал, Скопје. Обуката е наменета за раководните, извршните и управните тела на граѓанските организации-членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) како и останати граѓански организации во земјата. Овој настан е дел од програмата за работа на ГПМ (2006-2007 г.). Активноста е овозможена благодарејќи на Европската агенција за реконструкција преку финансирањето од Европската унија. Организатор на настанот, во име на членките на ГПМ, е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Обуката ќе биде испорачана од експертите Сашо Клековски (Извршен директор на МЦМС) и Келменд Зајази (експерт за добро управување во граѓанските организации). Интересот за учество на обуката можете да го искажете со пополнување и достава на прашалникот за граѓанските организации, во прилог 3, најдоцна до 12 септември 2007 година (среда), на следната адреса: ул. Никола Парапунов б.б., П.Ф. 55, 1060 Скопје, факс: 02/3065-298 или на следната е-маил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Повеќе информации за обуката можете да добиете на тел. 02/3065-381 или горенаведената е-маил адреса. Лице за контакт е Глигор Михаиловски, одговорен соработник на проекти во МЦМС. Патните трошоци за учесниците со место на живеење надвор од Скопје, во висина на автобуски билет во максимален бруто износ од 600 МКД (со приложена потврда) ќе бидат надоместени од организаторот на настанот. За учесниците од Скопје не следува надомест за патните трошоци. За учесниците со место на живеење надвор од Скопје организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување. Бројот на учесници на обуката е ограничен. МЦМС ќе ги разгледа предложените кандидати според однапред утврдени критериуми: членство во ГПМ, степен на извршна и управна функција во организациите како и рамномерна секторска и географска застапеност на останатите граѓански организации кои ќе искажат интерес за учество на обуката. Со почит, Сашо Клековски Извршен директор на МЦМС |