Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“ PDF Print E-mail
Thursday, 02 October 2025 14:39

Развивање дигитални решенија со општествен импакт

Дигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето.

rabotilnica e1759324357287

Работилницата има за цел да им помогне на граѓанските организации да развијат иновативни дигитални решенија кои директно одговараат на реални социјални проблеми и потреби во заедницата. Преку водство и инспирација, организациите ќе добијат простор да ги претворат своите идеи во конкретни концепти што можат да се развијат во идни проекти.

Датум: 16 октомври 2025
Време: 10:00 – 16:30
Локација: ГРЦ Скопје

Ќе работиме интерактивно, преку тимски вежби, креативни методи и практични алатки. Учесниците ќе имаат можност да ја следат и применат рамката од специјално развиен водич со 10 чекори за дигитални социјални иновации, кој ќе ги води од првиот чекор – идентификација на проблемот и целната група – па сè до последниот, кој вклучува мерење на успехот и импактот.

На крајот на денот, секоја организација ќе замине со:

  • конкретна идеја за дигитална алатка или решение,
  • план како да ја развие, тестира и промовира,
  • и визија како преку технологија може да создава долгорочни општествени придобивки.

Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои:

  • Сакаат да развиваат иновативни проекти со дигитална компонента
  • Сакаат да научат како технологијата може да се искористи за решавање на социјални проблеми
  • Работат со младински, едукативни, еколошки, социјални или инклузивни иницијативи
  • Имаат идеи кои би сакале да ги трансформираат во дигитални решенија со општествен импакт

Што ќе добиете од работилницата?

  • Подлабоко разбирање за што се дигитални социјални иновации и зошто тие се значајни за граѓанските организации
  • Методолошки водич со 10 јасни чекори за развој на дигитални решенија со општествен импакт
  • Практично искуство низ тимски вежби и работа на реални примери
  • Насоки како идејата да ја претворите во конкретно дигитално решение (веб-апликација, мобилна апликација, платформа или дигитална алатка)
  • Примери на добри практики од Македонија и регионот кои веќе донеле позитивни резултати
  • Можност за развој на конкретни идеи кои можете да ги преточите во идни проекти
  • Вмрежување со други организации со слични интереси и визија за промени
  • Основи на соработка со технолошки партнери – стартапи, ИТ заедници и фриленсери

Што следува по работилницата?

Организациите што ќе покажат интерес и потенцијал ќе имаат можност да добијат менторска поддршка за развој на концепт за дигитална социјална иновација.

Пријавете се најдоцна до 10 октомври 2025 година со пополнување на формуларот https://rcgo.mk/vesti/povik-za-uchestvo-na-ednodnevna-rabotilnica-digitalni-socijalni-inovacii/

Оваа работилница е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 
 

Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“