Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање PDF Print E-mail
Wednesday, 20 November 2024 14:22

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

volonteri web MCMS

Со таа цел Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање што ќе се оддржи на 27-28 ноември 2024 во Битола. Пријави се!

Што ќе научиш на оваа работилница?

Ден 1 (27.11.2024):

  • Зајакнување на вештините на граѓанските организации за управување со волонтери;
  • Основни принципи на волонтерство и волонтерски вредности;
  • Циклус на ефективен волонтерски менаџмент;
  • Мотивација, регрутација и мобилизација на волонтери;

Ден 2 (28.11.2024):

  • Законска регулатива за волонтерство;
  • Учесниците преку практични вежби ќе работат на развивање на програма за волонтирање;
  • Следење и евалуација на волонтерскиот процес и администрација на волонтерските процеси.

По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи имплементацијата на новостекнатите знаења!

Што е обезбедено?

Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата, поврзани со сместување, патување (во висина на автобуски билет) и работни материјали.

Потребни предзнаења?

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења. Но, услов за учество на оваа работилница е претходно да ја имате завршено онлајн воведната обука за волонтерство, која се состои од една сесија во времетраење од 10 минути.

Рок за пријавување: Најдоцна до 24 ноември 2024 година. ПРИЈАВИ СЕ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА НА ОВОЈ ЛИНК


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање