Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 20 nëntor 2024 14:22

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

volonteri web MCMS

Со таа цел Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање што ќе се оддржи на 27-28 ноември 2024 во Битола. Пријави се!

Што ќе научиш на оваа работилница?

Ден 1 (27.11.2024):

  • Зајакнување на вештините на граѓанските организации за управување со волонтери;
  • Основни принципи на волонтерство и волонтерски вредности;
  • Циклус на ефективен волонтерски менаџмент;
  • Мотивација, регрутација и мобилизација на волонтери;

Ден 2 (28.11.2024):

  • Законска регулатива за волонтерство;
  • Учесниците преку практични вежби ќе работат на развивање на програма за волонтирање;
  • Следење и евалуација на волонтерскиот процес и администрација на волонтерските процеси.

По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи имплементацијата на новостекнатите знаења!

Што е обезбедено?

Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата, поврзани со сместување, патување (во висина на автобуски билет) и работни материјали.

Потребни предзнаења?

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења. Но, услов за учество на оваа работилница е претходно да ја имате завршено онлајн воведната обука за волонтерство, која се состои од една сесија во времетраење од 10 минути.

Рок за пријавување: Најдоцна до 24 ноември 2024 година. ПРИЈАВИ СЕ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање