Повик за Акциски грантови за локални иницијативи |
Tuesday, 03 September 2024 08:37 |
Целта на овој повик е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Овој повик на Граѓанскиот ресурсен центар ќе поддржи иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, на пример, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница. При спроведувањето на овие грантови, активностите треба да бидат од јавен интерес со употреба на пристапот заснован на права, поттикнувајќи грижа за родовиот баланс, маргинализираните групи и локалните заедници. Акциски грантови за локални иницијативиЦелокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 140.000 евра (8.603.000 МКД). Со овој повик ќе се доделат не повеќе од четиринаесет грантови, каде износот на секој поединечен грант може да биде:
Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци. Акцијата треба да биде со времетраење од точно 9 месеци. Рокот за поднесување на апликација е 30 октомври 2024 година, најдоцна до 17:00 часот (македонско време). Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it како единствена е-порака со наслов „Повик за апликации – акциски грантови за локални иницијативи“. Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање. Потребни документиПополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:
Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-32/3-2024, најдоцна до 10 октомври година до 17:00 часот (македонско време). Прашања и одговориПРЕЗЕМИ прашања и одговори пристигнати на линијата за поддршка This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it до предвидениот рок 10.10.2024 г. и поставени за време на информативните сесии во Гостивар, Штип, Битола и Скопје одржани од 20-25.09.2024 Информативни сесииПредвидени се четири информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:
Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 19ти септември 2024 година на https://rcgo.mk/vesti/povik-za-akciski-grantovi-za-lokalni-inicijativi/ |