Повик за Акциски грантови за локални иницијативи - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за Акциски грантови за локални иницијативи PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 03 shtator 2024 08:37

Целта на овој повик е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Овој повик на Граѓанскиот ресурсен центар ќе поддржи иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, на пример, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

При спроведувањето на овие грантови, активностите треба да бидат од јавен интерес  со употреба на пристапот заснован на права, поттикнувајќи грижа за родовиот баланс, маргинализираните групи и локалните заедници.

grc news photo 2

Акциски грантови за локални иницијативи

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 140.000 евра (8.603.000 МКД).

Со овој повик ќе се доделат не повеќе од четиринаесет грантови, каде износот на секој поединечен грант може да биде:

  • минимален износ: 9.000 евра (553.050 МКД);
  • максимален износ: 10.000 евра (614.500 МКД).

Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци.

Акцијата треба да биде со времетраење од точно 9 месеци.

Рокот за поднесување на апликација е 30 октомври 2024 година,  најдоцна до 17:00 часот (македонско време).

Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-поштаKjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë  како единствена е-порака со наслов  „Повик за апликации – акциски грантови за локални иницијативи“.

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Потребни документи

Пополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:

  • Прилог 1. Буџет и Оправданост на трошоци (1а. Буџет; 1б. Оправданост на буџет) (преземи го формуларот за буџет тука);
  • Прилог 2 . Доказ за правен статус на носителот на апликацијата и ко-апликантот (потврда за тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци, сметајќи наназад од денот на поднесување на апликацијата); се прифаќаат и скенирани верзии;
  • Прилог 3. Копиja од наративен и финансиски извештај на носителот на апликацијата за 2023 година. 
  • Прилог 4. Копиja од наративен и финансиски извештај на ко-апликантот за 2023 година (ако е релевантно). 
  • Прилог 5. Скенирана Изјава на носителот на апликацијата (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 7 од Формуларот за аплицирање – Изјава на организацијата Носител на апликацијата).
  • Прилог 6. Скенирана Изјава на ко-апликантот (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 8 од Формуларот за аплицирање – Изјава на организацијата Ко-апликант.

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта:  Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë  со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-32/3-2024, најдоцна до 10 октомври година до 17:00 часот (македонско време).

Прашања и одговори

ПРЕЗЕМИ прашања и одговори пристигнати на линијата за поддршка Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë до предвидениот рок 10.10.2024 г. и поставени за време на информативните сесии во Гостивар, Штип, Битола и Скопје одржани од 20-25.09.2024

Преземи.

Информативни сесии

Предвидени се четири информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:

  • Информативна сесија на 20 септември (петок) 2024 година во РЦ Гостивар од 12:00 часот;
  • Информативна сесија на 23 септември (понеделник) 2024 година во РЦ Штип од 12:00 часот;
  • Информативна сесија на 24 септември (вторник) 2024 година во Битола од 12:00 часот; и
  • Информативна сесија на 25 септември (среда) 2024 година во ГРЦ, Скопје од 12:00 часот.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 19ти септември 2024 година на https://rcgo.mk/vesti/povik-za-akciski-grantovi-za-lokalni-inicijativi/


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за Акциски грантови за локални иницијативи