Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА] - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА] PDF Print E-mail
Wednesday, 14 February 2024 10:30

Цивика мобилитас објавува повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА]. Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ДВА партнери. Партнерите треба да бидат регистрирани како една од погоре наведените категории. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога (било како носител или како партнер).

cm gga 1024x538

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно-истражувачка дејност.

Аплицирање

Носителот и партнерите мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Откако ќе се регистрираат, само НОСИТЕЛОТ треба да ги внесе информациите поврзани со пријавата односно, да се регистрира на овој повик за предлози. НОСИТЕЛОТ мора да ги додаде партнерските организации (со внесување на нивните единствени матични броеви) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при нивната регистрација на платформата).

Процесот за аплицирање е целосно он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози Word). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави.

Имајте предвид дека он-лајн пополнувањето на пријавата ќе биде овозможено од почетокот на март 2024 година. Затоа, редовно проверувајте ја платформата www.grants.mk – секција: отворени повици.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на е ставен на активното вклучување на граѓаните во планирањето и во спроведувањето на проектите. Предложените активности треба да придонесат за зголемување на знаењето и довербата во граѓанското општество. Тие треба да водат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во Водичот за апликанти.

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 24 и 28 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 5.600.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер. Организациите кои се дел од конзорциум кој добил грант во претходниот повик на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ Партнерски грантови), не можат да се пријават на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 12 април 2024 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави.

Прашања и одговори

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 2 април 2024 г., до 13:00 ч. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ГГА. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Прелиминарна временска рамка

Отворање на повикот за предлози 12 февруари 2024 г.
Информативни средби (8) март 2024 г. 
Краен рок за поднесување на пријави 12 април 2024 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантови април/мај 2024 г.
Известување на избраните и одбиените апликанти мај/јуни 2024 г.
Потпишување договори јуни 2024 г.
 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА]