Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА] - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА] PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 14 shkurt 2024 10:30

Цивика мобилитас објавува повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА]. Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ДВА партнери. Партнерите треба да бидат регистрирани како една од погоре наведените категории. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога (било како носител или како партнер).

cm gga 1024x538

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно-истражувачка дејност.

Аплицирање

Носителот и партнерите мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Откако ќе се регистрираат, само НОСИТЕЛОТ треба да ги внесе информациите поврзани со пријавата односно, да се регистрира на овој повик за предлози. НОСИТЕЛОТ мора да ги додаде партнерските организации (со внесување на нивните единствени матични броеви) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при нивната регистрација на платформата).

Процесот за аплицирање е целосно он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози Word). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави.

Имајте предвид дека он-лајн пополнувањето на пријавата ќе биде овозможено од почетокот на март 2024 година. Затоа, редовно проверувајте ја платформата www.grants.mk – секција: отворени повици.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на е ставен на активното вклучување на граѓаните во планирањето и во спроведувањето на проектите. Предложените активности треба да придонесат за зголемување на знаењето и довербата во граѓанското општество. Тие треба да водат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во Водичот за апликанти.

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 24 и 28 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 5.600.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер. Организациите кои се дел од конзорциум кој добил грант во претходниот повик на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ Партнерски грантови), не можат да се пријават на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 12 април 2024 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави.

Прашања и одговори

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на:  Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë  најдоцна до 2 април 2024 г., до 13:00 ч. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ГГА. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Прелиминарна временска рамка

Отворање на повикот за предлози 12 февруари 2024 г.
Информативни средби (8) март 2024 г. 
Краен рок за поднесување на пријави 12 април 2024 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантови април/мај 2024 г.
Известување на избраните и одбиените апликанти мај/јуни 2024 г.
Потпишување договори јуни 2024 г.
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА]