Јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор |
Tuesday, 13 February 2024 14:19 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен повик за доделување на Грантови за брз одговор. Повикот е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ (ГПК) финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија. Целта на повикот за грантови за брз одговор е да се преземат итни, вклучувачки и влијателни акции за актуелни потреби и предизвици поврзани со корупцијата. Во овој повик се преферира предложените акции и интервенции поврзани со корупција да се однесуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Северна Македонија. Сепак не се исклучува можноста за доставување на апликации кои предвидуваат акции за брз одговор за други области подложни на корупција. Повикот е индивидуален, отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации како и за неформални мрежи. Минимален износ за кој може да се достави апликација е 224.000 денари ($4.000), додека максимален износ е 560.000 денари ($10.000). Ќе бидат поддржани апликации кои траат минимум 2 месеци и максимум 5 месеци. На овој повик се аплицира по електронски пат. Апликантите најпрвин мора да креираат профил на платформата: www.grants.mk (преземи Водич за креирање профил). Краен рок за поднесување на апликациите 4 март 2024 г. до 13:00 часот (македонско време). За подетални информации во врска со повикот за Грантови за брз одговор, организираме онлајн информативна сесија на 20 февруари (вторник) во 12:00 часот! Регистрирај се тука: https://forms.office.com/e/LiJBfj473N?origin=lprLink Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање. Целосната апликација за овој повик вклучува пополнување и прикачување на grants.mk на:
Заинтересираните организации може да поставуваат прашања поврзани со повикот за Грантови за брз одговор на следната адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it Прашања и одговори за Повикот |