Оглас за сместување на студенти од македонската дијаспора како дел од програмата „Родум од Македонија“ |
Wednesday, 25 May 2022 20:09 |
МЦМС и Алијансата на организации од Битола ги покануваат семејствата од Скопје и Битола да бидат домаќини и да го отворат својот дом за тринеделен престој на студенти од македонската дијаспора. Студентите се дел од програмата „Родум од Македонија“ и ќе престојуваат во земјата во периодот од 1 јули до 22 јули 2022 година. За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во соодветни институции во Скопје и Битола, а сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и да создадат трајни пријателства. Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност кој може да го видите на следниот линк. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари како симболична поддршка за семејствата домаќини. „Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД). Оваа програма се организира по шести пат. По успешните пет години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората, осум во третата, пет во четвртата и шест во петта година, интересот на студентите од дијаспората постојано расте. Доколку би сакале вашето семејство да биде домаќин на некој од студентите, пријавeте се на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it за семејства од Скопје и на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it за заинтересирани семејства од Битола, најдоцна до 20 јуни 2022 година. За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144. |