ОГЛАС за сместување на студенти од македонската дијаспора - „Родум од Македонија“ |
Monday, 30 April 2018 13:30 |
МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студенти од македонската дијаспора кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 29 јуни до 20 јули 2018 година. За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства. „Родум од Македонија“ се организира по четврти пат. По успешните три години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година, шест во втората и осум во третата, оваа година очекуваме интересот да биде уште поголем. Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 31 мај 2018 година. Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност кој може да го видите на следниот линк. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари. „Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД) во соработка со МЦМС. По изборот на младите учесници од дијаспората во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување. За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 072 226-144 или е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it |