МЦМС бара ко-модератор за општина МАКЕДОНСКИ БРОД |
Monday, 04 July 2011 09:01 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата" е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk). Во периодот јули 2011 – декември 2012, Форумскиот процес во општина Македонски Брод ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на Буџетскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 9 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6 до 8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите. Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Квалификации и искуство:
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 7 јули (четврток), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", бб - П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it |