Обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“ |
Friday, 13 May 2011 11:25 |
Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со МЦМС ја има честа да ве покани да учествувате на основната обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“. Обуката ќе се одржи во Маврово во хотел Алпина од 26 до 28 мај 2011 година. Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на претставниците на граѓанските организации за достапните алатки за вклучување на јавноста во процесите на изработка на политики и закони и како истите да ги искористат најефикасно. Обуката е дел од проектот кој цели кон придонесување кон развојот на ефикасни и транспарентни механизми за владеење на правото. Обуката ќе се состои од неколку компоненти како што се: што е политика, вовед во циклусите на донесување на политики, фазите во циклусите на донесување на политики, РИА, фазите во подготовка на законите, консултативните процеси за време на изработката на законите, како и техники за пишување на закони. Основната обука е наменета за претставниците на граѓанските организации кои немаат искуство во учеството во законодавните процеси. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат на следнава е-маил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Рок за пријавување е 19 мај 2011 година, до 16 часот. Преземете ја пријавата и официјална покана. |