Jавниот дух се помести кон умерен - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Jавниот дух се помести кон умерен PDF Print E-mail

Jавниот дух се помести кон умеренМакедонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Во оваа соопштение ви ги презентираме податоците за   првиот дел од истражувачкиот извештај – за јавниот дух .

Поддршката на владеење на правото или јавниот дух е истражувана преку пет прашања: оправданост на барањето бенефиции за кои се нема право, неплаќање на комуналните услуги, мамењето данок, избегнувањето да се плати јавниот превоз и давањето/примањето мито.

Истражувањето покажа дека има поместување од низок кон умерен степен на јавен дух кон умерен степен на јавен дух во Македонија. Критичка точка се уште е оправдувањето на барање бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право.

Граѓаните во големо мнозинство поддржуваат плаќање данок (92,2%), комунални услуги (91,2%), јавен превоз (92,3%), како и не давање/примање мито (92.8%). Помала е поддршката на ставот да не се бараат бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право (85,4%).

Јавниот дух е во пораст во однос на 2007 година, како и во однос на претходното истражување во 2004 година. Поддршката за плаќање данок е зголемена на 92,2% од 80,8% во 2007 година. Слично е со комуналните услуги и јавниот превоз за кои поддршката во 2007 година изнесувала 78,4%, односно 79,9%. Зголемен е бројот и на оние кои сметаат дека не е оправдано да се бараат бенефиции од Владата за кои граѓаните немаат право на 85,4% од 57,8% во 2007 година. Ставовите за мито се мерат за прв пат.

Еден дел од одговорите имаат поддршка и во реалноста. Бројот на поднесени годишни пријави за данок од персонален приход е зголемен од околу 30.000 пријави за 2006 г. на над 100.000 пријави за 2008 г. Од друга страна во друго истражување во 2008 г. околу 71% од граѓаните одговориле дека редовно ги плаќаат сметките за вода, што укажува на значаен дел на граѓани кои не оправдуваат неплаќање иако и самите не плаќаат редовно или воопшто.

Општествена одговорност на граѓаните.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity