Градење капацитети на актери на граѓанското општество - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети на актери на граѓанското општество - извршно резиме PDF Print E-mail

Својата генерална стратегија МЦМС ја заснова на зајакнување на луѓето, особено на маргинализираните групи за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество.

Градење капацитети на актери на граѓанското општествоОпшта цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е зајакнати капацитети на ГО за одржливост.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други).

Очекуван резултат на проектот е: Обучени претставници на граѓанските организации како и други актери на граѓанското општество.

Активностите предвидени со овој проект се категоризираат во две групи на услуги:

  • Општи обуки, наменети за сите кои се заинтересирани да учествуваат. Оваа година планирани се да се понудат 4 редовни обуки: Пристап до ЕУ фондови; Односи со јавност; Стратешко планирање и Раководење со човечки ресурси.
  • Скроени обуки и консултации, оваа група е наменета е исто за активисти на граѓанскиот сектор. Областите во кои ќе се даваат обуки и консултации се: Обуки за раководење; Обуки за раководење со портфолио и Обуки за организациски развој, како и подготовка и испорака на нови продукти, по потреба, во зависност од нарачката.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот се: Активистите на граѓанските организации се заинтересирани за развој на своите вештини и знаења; ГО и другите актери на граѓанското општество се свесни за своите организациски и институционални слабости и волни се да ги подобрат; Активистите и волонтерите на ГО се заинтересирани да се здобијат со нови знаења на обуките; Другите актери на граѓанското општество се мотивирани за развој на организациските капацитети.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на општа цел на проектот: Учесниците од обуките ги применуваат стекнатите знаења во нивните организации; Активностите преземени од другите ГО, од државата и другите актери од областа на граѓанското општество се комплементарни со проектот и придонесуваат кон постигнување на целта на проектот.

МЦМС е целосно одговорна за спроведување на програмата.

Средствата за спроведување на оваа програма ќе бидат обезбедени од Евангелистичката служба за развој (ЕЕД) како и сопствени средства добиени преку партиципација на учесниците.

Временскиот период на спроведување е 10 мај – 20 декември 2009 година.

Буџетот изнесува 910,200 МКД (директни трошоци).

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History