Граѓанското општество во медиумите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското општество во медиумите PDF Print E-mail

Медиумите имаат битна улога во информирањето и формирањето на имиџот на граѓанските организации во јавноста. Тоа е еден од начините за добивање на впечаток за тоа дали, колку и каков е успехот на работата на граѓанските организации и на граѓанското општество воопшто. Тие се едни од најголемите пренесувачи на пораките кои граѓанските организации сакаат да ги пратат до јавноста. Затоа тие се од суштинско значење за промоција на активностите на граѓанското општество.

Граѓанското општество во медиумитеОпшта цел на проектот беше да се креира овозможувачка околина и поддршка за понатамошен развој на граѓанското општество во Македонија.

Цел на проектот беше да се утврди колку и како информираат медиумите за граѓанските организации.

Целна група на проектот беа граѓаните на Република Македонија. Директни корисници беа околу 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од граѓанското општество. Целно подрачје беше Република Македонија.

Очекуван резултат на проектот беше да се добијат податоци за застапеноста и контекстот на информациите што се пласираат во медиумите, а се однесуваат на граѓанското општество и како медиумите влијаат на граѓаните во перципирањето на граѓанското општество и неговата улога.

Во рамките на овој проект беше направено истражување преку следење на печатените дневни весници: Дневник, Време, Утрински весник и Вечер на македонски јазик и весникот Коха на албански јазик, во период од 15 октомври до 15 декември 2008 години.

Во овој период биле објавени 47 написи кои се поврзани со активностите на граѓанските организации. Повеќето од текстовите во контекст се неутрални. Од анализата на овие написи е изготвен извештај за информирањето за граѓанското општество од страна на медиумите.

Периодот на спроведување на проектот беше од 15 октомври до 31 декември 2008 година.

МЦМС беше одговорен за спроведувањето на проектот.

Проектот немаше директни трошоци.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History