Страници за меѓусебно разбирање 2003-2005 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Страници за меѓусебно разбирање 2003-2005 PDF Print E-mail

МЦМС во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и заедно со весниците Дневник, Утрински весник, Факти, Вечер, Лоби и Македонската информативна агенција (МИА) ја спроведе програмата чиј највидлив дел, страницата „Меѓутоа“ сите пет весника ја издаваа еднаш неделно, секој четврток. Самиот наслов „Меѓутоа“ означуваше потреба вистините да се согледаат од неколку страни.

Целта на програмата беше да се подобри информираноста на јавноста за меѓуетничките односи во Македонија и да се влијае врз медиумите известувањето за меѓуетничките односи да биде објективно и сестрано. Активностите беа наменети за јавноста и новинарите, односно медиумите.

Untitled-6За две години и два месеци, беа објавени 100 страници на кои беа презентирани текстови за меѓуетничките односи селектирани од сите пет весници од страна на Уредувачки одбор составен од новинари на тие весници.

Етничките затворености, дебаланси, карактерните затворености на многу новинари придонесуваат за различните вистини. Заради тоа, во оваа земја тешко се наоѓа објективната реалност кој ги следи настаните и треба да стигне до јавноста. Токму затоа и постои поделеност на јавноста не само по етничките туку и по некои други прашања. Овој проект, кој се спроведуваше во исклучително хармонична атмосфера, покажа и докажа дека новинарите можат да работат во нормални услови, заедно. Нормализирањето на условите за новинарската работа, нормализирањето на односите меѓу новинарите, размената на мислења меѓу колегите која е ретка и внатре во редакциите може да помогне многу подобро да се разберат или да разменат искуства.

За да се провери видливоста на „Меѓутоа“ беа спроведени три анкети кај читателите. Тие покажаа дека „Меѓутоа“ има свое влијание кај читателите. Кај 29% од читателите на страницата има макар и мала промена на перцепцијата за настаните. Бројот на оние што ја забележале и што ја читаат „Меѓутоа“ се зголемуваше од 17% во првата до 40% во последната анкета.

Дел од Програмата беа и трите трибини на кои новинарите разговараа за етнички најфреквентните прашања.

Страниците за меѓусебно разбирање овозможија членовите на Уредувачкиот и Управувачкиот одбор да бидат дел од две студиски посети во кои имаа можност да го видат известувањето од поделено општество, односно известување во конфликтно општество (Северна Ирска) како и повеќејазично известување и учество на медиумите преку известувањето во процесот на помирување (Јужна Африка).

Страниците за меѓусебно разбирање финансиски ги поддржа Европската агенција за реконструкција, Данската меѓуцрковна помош и ИЦЦО од Холандија Во финансиската поддршка учествуваа и МЦМС и ЗНМ како и петте весници.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History