2008 – Добро управување во Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2008 – Добро управување во Македонија PDF Print E-mail

2008-godina-na-nov-strateski-planРаботата во општините продолжи со програмата Форуми во заедниците и учеството во Стратегијата за реформи на комуналниот сектор. Повторно беа спроведени истражувањата Довербата во граѓанското општество и Опште-ствената одговорност на граѓаните. Беа реализирани две кампањи „Донирај од својот данок“ и „И Македонија и НАТО“, а започна и програмата „Добро управување во Македонија“.

Заради вниманието на прашања на евро-атланската интеграција на Македонија и изборите, повторно беше мало вниманието на граѓанскиот сектор. Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општество не се одвиваше со предвидената динамика, а изостана и позначителна финансиска поддршка на граѓанските организации. Подобрување е поголемото учество на претставници на секторот во работните тела на Владата за подготовка на новите закони.

Дополнително, продолжи трендот на намалувањето на поддршката за граѓанските организации од меѓународните организации и фондови. МЦМС ги продолжи активности за диверзификација на поддршката. Во 2008 г. приходите од сопствени извори изнесуваат 24% од вкупните приходи или 44% од приходите за оперативни расходи.

Форуми во заедниците. МЦМС потпиша договор со Швајцарската агенција развој и соработка за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“. МЦМС во првата фаза работеше во општина Карбинци, додека во втората фаза во општина Битола и Ресен.

МЦМС продолжи да спроведува истражувања како обид своето планирање, идните активности да бидат базирани на објективни и проверени информации. Во 2008 година беа спроведени и објавени истражувањето Општествена одговорност на граѓаните и истражувањето Доверба во граѓанското општество. Првото дава одговори на тоа каква е општествената одговорност на граѓаните, го анализира јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози. Второто, ја проверува општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество.

Со проектот „Дали е навистина важно? Визно олеснување во Западен Балкан: Набљудување на визното олеснување“ МЦМС се вклучи во регионална акција раководена од страна на Европскиот граѓански акциски сервис ЕЦАС (European Citizen Action Service ECAS). Инфо линијата овозможи граѓаните да добијат навремени информации за придобивките од спогодбата. Освен тоа беше направена и анкета помеѓу апликантите за виза во амасадите на земјите членки од ЕУ (Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција).

„МЦМС во 2008 година имаше вкупен обем (портфолио) од 47 проекти и буџет од 75 милиони денари. Продолжија активностите за реструктурирање, се заокружи процесот на стратешко планирање, се усвоија новите Визија, мисија и долгорочни цели; Деловниот план 2008-2011 година, како и новиот Статут на МЦМС.“

Годишен извештај на МЦМС за 2008 година.

2008

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History