Образованието во изборните програми - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Образованието во изборните програми PDF Print E-mail

Автор: Ивана Петкуќеска, Марија Теговска
Дата: мај 2011 година
PDF:   obrazovanieto-vo-izbornite-programi.pdf

obrazovanieto-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за образованието.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Со овој извештај се земени во предвид деловите од програмите на политичките партии кои се однесуваат на предложени политики во сферата на образованието.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History