Саем на општините - ЗЕЛС ЕКСПО 2007 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Саем на општините - ЗЕЛС ЕКСПО 2007 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот беше понатамошна поддрша на процесот на децентрализација.

Целта на проектот беше да се подобри размена на искуства помеѓу општините, како и подобро запознавање на јавноста и другите актери со работата на општините. Покрај ова проектот обезбеди можност за општините да лобираат до различни субјекти и донатори.

Целна група на проектот беа општините Долнени, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Конче, Чашка, Теарце, Желино, Росоман, Зрновци и Чешиниово-Облешево, АДКОМ и  јавноста.

Саемот на општините - ЗЕЛС ЕКСПО се одржа во Скопски саем - Скопје во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа во Република Македонија - ЗЕЛС.

МЦМС финансиски поддржа 11 рурални општини и Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) со закупување на штандовски простор на саемот.

Периодот на одржување беше на 16 и 17.11 паралелно со НВО Саемот кој исто така се одржа во Скопски саем. Мотото на саемот беше “Две години децентрализација” каде што организирани беа: изложбен дел, презентација на штандовите и неколку Форумски панел дискусии, тркалезни маси и презентации.

На изложбениот дел презентирани беа самите општини и резултатите од нивната работа. Овој дел се состоеше од поставување и уредување на штандови, постер паноа, аудио-видео презентации на општините на нивни проекти и програми со смислени сценарија на главна бина и посебни програми по штандовите. На штандовите општините изложија печатени материјали, фотографии и ги презентираат резултатите од својата работа.

Во рамките на саемот, МЦМС во соработка со ЗЕЛС и АДКОМ организираше две форумски дискусии: Панел дискусијата на тема - Реформи во комуналниот сектор со цел да се искористи  можноста да на едно место се соберат претставници на проектот, прет-ставници на министерствата, градоначалници, директори на ЈКП и консултанти од областа на комуналните услуги. Дискусиите и разговорите би се воделе во правец на запознавање на присутните со проблемите и со предвидените реформи во комуналниот сектор.

Покрај форумски панел, организирана беше и тркалезна маса на тема Локалната самоуправа и руралниот развој. Целта на оваа тркалезна маса беше да се дефинираат потребите на локалната самоуправа во делот на руралниот развој. На истата се дискутираше по прашања поврзани со управувањето на земјоделското земјиште, механизими и ресурси за рурален развој, соработка и партнерство на ЕЛС со МЗШВ за креирање на политики за рурален развој, инфраструктура за рурален развој, едуцираност и капацитет на земјоделците, како и прашања поврзани со земјоделската политика. Двата форуми беа фацилитирани од МЦМС.


МЦМС обезбеди средства за закуп на изложбен простор во висина од 70% од вкупната цена за закуп за 11 општини и АДКОМ. Преостанатите 30% беа платени од општините.

Временскиот период на спроведување беше 12 ноември – 15 декември 2007 година.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet