Стекнување на искуства од позитивни иницијативи и проекти во руралните заедници - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стекнување на искуства од позитивни иницијативи и проекти во руралните заедници - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Искористувањето на прет-пристапните ЕУ фондови пред се зависи од капацитетот на земјата корисник за апсорпција (повлекување и искористување) на средствата. Искуствата покажуваат дека прет-пристапните ЕУ фондови се успешно искористени во само неколку држави кои го поминале или го поминуваат патот за приклучување кон ЕУ, додека во повеќето останати држави процентот на искористување на средствата од ЕУ фондовите се оценува како незадоволителен.

Размената на искуствата и споделувањето на успешните практики и модели за улогата на руралните општини и асоцијациите на руралните општини во искористување на прет-пристапните ЕУ фондови за рурален развој и дискусија за нивна можна примена во македонскиот контекст ќе придонесе за подобрување на капацитетот и позиционирањето на  руралните општини како еден од битните актери за поуспешно искористување на ЕУ поддршката за рурален развој.

Општа цел на проектот е изградена (подобрена) јавна поддршка за руралните и други мали заедници.

Цел на проектот е придонес кон зголемено вклучување на руралните заедници во планирање и искористување на ЕУ поддршката за рурален развој.

Целна група на проектот се жителите од руралните општини. Целното подрачје е национално и ги опфаќа руралните подрачја на целата територија на Република Македонија.

Очекувани резултати на проектот се: Разменети искуства и научени лекции за успешните практики и модели на искористување на ЕУ поддршката за руралниот развој во Република Словенија, и Споделени позитивни практики и модели за искористување на ЕУ поддршката за проекти за рурален развој, со посебен осврт на искуствата од Р. Бугарија.

Активностите преку кои ќе се постигнат горе наведените резултати се: Студиска посета на руралните општини Кунгота и Бенедикт во Република Словенија, и Конференција на тема Руралните општини и ЕУ поддршката за рурален развој во Македонија – националните искуства и регионалните практики, со посебен осврт на искуствата од Р. Бугарија.

Студиска посета на руралните општини Кунгота и Бенедикт во Република Словенија ќе се одржи од 20 до 22 ноември 2008 година. На студиската посета е планирано да учествуваат 7 учесници: 4 од Комисијата за рурален развој при ЗЕЛС (Градоначалниците на општините Конче, Карбинци, Старо Нагоричане и Вевчани), 1 од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), 1 од ЗЕЛС,  и 1 од МЦМС. Студиската посета има за цел информирање за словенечките искуства во искористувањето на прет-пристапните ЕУ фондови за рурален развој преку посета на практични примери и искуства од две рурални општини од Словенија.

Конференција на тема Руралните општини и ЕУ поддршката за рурален развој во Македонија – националните искуства и регионалните практики, со посебен соврт на искуствата од Р. Бугарија, ќе биде еднодневна и ќе се одржи во првата половина на декември во Скопје со планирано учество на околу 60 учесници. На конференцијата ќе бидат презентирани Бугарски и Словенечки искуства во искористувањето на прет-пристапните ЕУ фондови за рурален развој. Искуствата на Р Бугарија ќе бидат презентирани од страна на Г-ѓа Др. Мирослава Георгиева Директор на Дирекцијата за рурален развој при Министерството за земјоделие и снабдување со храна на Република Бугарија. На конференцијата ќе бидат поканети да учествуваат градоначалниците на руралните општини во Македонија и претставници од: ЗЕЛС, релевантни министерства и владини/министерски тела и агенции, релевантни интернационални организации (ЕУ делегација, УНДП, УСАИД и сл), релевантни граѓански здруженија и др.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е дека националните актери вклучени во руралниот развој ги прилагодуваат програмите и методологиите за искористување на ЕУ поддршката за рурален развој кон македонскиот контекст. Следна претпоставка која може да има големо влијание за остварување на целите на проектот е дека националните актери и руралните заедници имаат изградена свест и ја поддржуваат потребата од здружување/вмрежување на руралните заедници. Успехот на проектот во многу ќе зависи од одзивот и интересот на градоначалниците и претставниците на руралните општини за активно учество во предвидените активности со проектот.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со ЗЕЛС имаат одговорност за негово спроведување.

Временскиот период на спроведување е 14 октомври – 26 декември 2008 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 508.000,00 МКД. МЦМС обезбедува 508.000,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија.

Завршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet