Реновирање на основно училиште во село Добрушево - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на основно училиште во село Добрушево PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Во текот на месец октомври 2006, Сокотаб Франа СА од Швајцарија воспостави контакт со МЦМС со цел соработка за реализација на проект за реновирање на основни училишта во Република Македонија. Во текот на 2007 година МЦМС ја оствари оваа соработка и успешно реализираше проекти за реновирање на санитарните јазли во две основни училишта (во с.Долно Количани и с.Добрушево). Оваа година, Сокотаб повторно обезбеди финансиска поддршка за реновирање на истите училишта.

pmo101-ziСелото Добрушево е рамничарско и се наоѓа во североисточниот дел на Битолското Поле, чиј атар се допира со територијата на општина Прилеп. Во селото живеат 624 жители во 181 домаќинства.

Училишниот објект (зграда)  во с. Добрушево е изграден во 1966 година и од тогаш не е направено поголемо обновување. Еден од поголемите проблеми претставуваше внатрешната електрична инсталација, самите зидови, подови и плафони. Како одговор на предизвиците за социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, неопходни беа итни мерки за подобрување на условите во основното образование.

Општа цел на проектот беше подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основото училиште.

Цел на проектот беше условите во училниците и другите внатрешни простории во основното училиште Браќа Миладиновци се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и конструкцијата на училиштето.

Целна група на проектот беа учениците и вработените од основното училиште Браќа Миладиновци. Директни корисници се  112 ученици и 18 воспитно образован кадар.

Целното подрачје на проектот беше рурално, односно проектот се спроведе во село Добрушево, општина Могила (Пелагониски регион).

Постигнатиот резултат на проектот е реконструирани училници и други работни простории во објектот (училишната зграда) на ОУ Браќа Миладиновци.

Реализирани активности преку кои беше постигнат овој резултат беа: Изработка на техничка документација и нејзина ревизија; Подготовка и спроведување на тендер за избор на изведувач; Изготвување на целокупната документација за поддршка и финансирање на проектот со кој беше опфатена реконструкција на електричната инсталација, внатрешните ѕидови, подови и плафони; Избор на стручен надзор; Координација и соработка со сите вклучени актери; Набљудување и мониторинг;  Известување (тековно и завршно) и оценување.

Реконструкцијата се реализираше во согласност со предвидената динамика, без поголеми проблеми и потешкотии. Стручниот надзор во тесна соработка со претставниците на училиштето и општина Могила, тековно и квалитетно ги надгледуваше и координираше сите изведбени работи. Работите финансирани од МЦМС комплетно беа завршени на 14 септември 2008 година, додека техничкиот прием на реконструираниот објект во присуство на претставници на ОУ, општината, МЗ, МЦМС, изведувачот и надзорниот орган беше извршен на 21.09.2008 година.

Кон крајот на месец ноември претставници од потесното раководството од Сокомак од Битола, направија посета и увид на постигнатите резултати, врз основа на што беше искажано големо задоволство од пристапот и квалитетот на реализацијата на овој проект.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 1 јуни – 15 ноември 2008 г.

Претпоставки на ниво на цели се: учениците и персоналот правилно и соодветно ја користат електричната инфраструктура, и физичките оштетувања на ѕидовите и подовите се сведени на минимум; а на ниво на резултати: училиштето ги одржува реновираните простории и навремено ги обезбедува потребните хигиенски средства за нивно одржување.

Соработката со Сокомак и Сокотаб беше одлична и дава можност за понатамошно продлабочување на истата.

МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од општина Могила, ОУ Браќа Миладиновци, МЗ с.Добрушево, како и потребните надворешни соработници (надзорен орган, изведувач, стручни соработници и сл.).

Информации за проектот беа доставени до јавноста преку локалните медиуми и информативните изданија на МЦМС, општина Могила и самото училиште.

Во текот на спроведување на проектот МЦМС вршеше мониторинг и набљудување на проектните активности. За контрола на градбата беше ангажиран стручен градежен надзор кој одлично ја следеше изградбата на објектот, односно обезбеди соодветна техничка контрола на изведбата. Известувањето до донаторот беше тековно и завршно после комплетирање на сите предвидени активности.

Директните трошоците на проектот изнесуваат 2.933,622,00 МКД, и сите средства се донација на Сокотаб Франа Са од Швајцарија (www.socotab.com) и Филип Морис.

 

Извршно резиме од прокетот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet