Кампања за јакнење на јавната свест за водоснабдување - извршно резиме |
Голем број села во Република Македонија сè уште страдаат од недостаток на доволни количини квалитетна вода за пиење. Општина Јегуновце е рурална општина лоцирана во северозападниот дел од Македонија составена од 11 села со 10.790 жители. Иако дел од овие селаи маат сопствени локални водоводни системи, заради неодржување на истите, лош квалитет на водата и проблеми со техничкото функционирање, некои од нив се соочуваат со проблеми во сопственото водоснабдување. Општа цел на проектот е да се обезбеди пристап до доволни количини на здрава вода за пиење во заедниците од општина Јегуновце. Цел на проектот е зголемена јавна свест за потребата од сопствена реализација на индивидуални приклучоци со водомери и плаќање наплата на водата што се користи од новите водоводни системи. Целна група на проектот се жителите на 11 села од општина Јегуновце и село Озормиште од општина Желино. Директни корисници на програмата се вкупно 8.446 жители во 1.962 семејства од 12 населени места. Покрај населението, директен корисник на програмата е и Општинското јавно претпријатие „Јегуновце“. Целното подрачје на програмата е рурално, односно истата ќе се спроведе во општина Јегуновце со фокус на селата од поранешната општина Јегуновце. Очекувани резултати од проектот е кампања за јакнење на јавната свест за воспоставување на организиран начин за стопанисување и одржување на водоводните системи од страна на ОЈП Јегуновце. За реализација на проектот се предвидени следните активности:
Претпоставка која ќе влијае и придонесе кон постигнување на проектните резултати е мотивираноста на месните заедници, училиштата и воопшто жителите од целното подрачје да учествуваат во активностите на проектот. Во дел од активностите на проектот ќе биде вклучена општината Јегуновце, но и други актери: локалните медиуми, училиштата и сл. МЦМС ќе има одговорност за спроведувањето на проектот и донесувањето одлуки. Одговорен соработник во МЦМС ќе биде Даниела Стојанова, соработник на проекти во Одделението за граѓанско општество. Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста ќе дава насоки при планирањето и реализацијата на активностите. Димче Митрески, раководител на Одделението за развој ќе го набљудува спроведувањето на проектот и ќе дава насоки за негова реализација. Ризик за проектот може да биде влошувањето на социоекономската состојба во целното подрачје и несоработката од локалното население, училиштата и месните заедници. Проектот ќе биде финансиран од Норвешката асоцијација на локални и регионални власти (КС). Буџетот ќе изнесува 996.000 денари за директни трошоци. |