Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.5 |
Автор: Македонски центар за меѓународна соработка И покрај воспоставената соработка за потребите на проектот, ДКСК не достави податоци за овој квартал. Од вкупно 30 индикатори следени во периодот на известување, а за кои се следи исполнувањето на законските обврски („обојување на индикаторите“), 12 се остваруваат целосно во согласност со закон, 15 се остваруваат делумно, а три не се остваруваат. ДКСК има направено АПЛ за пет закони од првиот квартал, еден закон од вториот квартал и еден закон од четвртиот квартал. ДКСК не ги следи во целост планот и динамиката за АПЛ на веќе донесени закони. На барање на надлежните министерства, ДКСК подготви антикорупциска проверка на Законот за изменување и дополнување на законот за укажувачите и на Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. После 11 месеци по завршувањето на изборите, односно во ноември 2017г., за прв пат ДКСК подготви и поднесе посебен извештај за можни злоупотреби на средства за време на предвидените парламентарни избори одржани во декември 2016 г. ДКСК одржа повеќе работни средби со домашни и странски државни органи. ДКСК склучи меморандум за соработка со Агенцијата за спречување на корупција на Црна Гора и учествуваше и на повеќе конференции, како во земјата така и во странство. ДКСК потпиша Меморандум за соработка со две граѓански организации во насока на спроведување на заеднички активности и споделувања искуства. Врз основа на спроведената теренска анкета, граѓаните сметаат дека ДКСК го штити поединечниот, а не јавниот интерес. Иако граѓаните ја препознаваат ДКСК како инстиуција која придонесува во борбата против корупцијата и би пријавиле корупција во ДКСК, сепак повеќе од половина од нив смеетаат дека ДКСК со својата работа го штити поединечниот, а не јавниот интерес. Поврзано со ова е и мислењето на повеќе од третина од граѓаните дека ДКСК неефективно ја врши својата работа. |