Правна рамка за недискриминација - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Правна рамка за недискриминација PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Во Република Македонија се уште нема законодавство и општа правна рамка за заштита од дискриминација. Дел од проблемот претставува непостоење на закон за заштита од дискриминација како и унифицирани дефиниции и терминологија. На почетокот на годинава, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за заштита од дискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело.

Состанок на работната групаОпшта цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот беше придонес кон воспоставување стратегија и законодавство за недискриминација во Република Македонија. Целна група беа граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје беше Република Македонија.

Постигнати резултати од проектот се: изготвен Поимник на изрази поврзани со дискриминацијата; изготвени коментари и препораки на предлог Законот за заштита од дискриминација базирани на анализа на меѓународни стандарди и најдобри практики  и анализа на домашното законодавство; организирана тркалезна маса за Законот за заштита од дискриминација во соработка со институцијата Народен правобранител.

Проектот се состоеше од следниве активности:

- Изготвен Поимник на изрази поврзани со дискриминацијата
Подготовката на Поимникот на изрази поврзани со дискриминацијата беше активност во која беа вклучени сите организации членки на коалицијата Македонија без дискриминација. Предлогот на Поимникот беше подготвен од проф. д-р Мирјана Најчевска и м-р. Беким Кадриу. На две работилници одржани во мај и јуни организациите ги дадоа своите коментари и предлози за дополнување. Во јули и август беше организирана редовна е-маил комуникација со цел подготовка на финалната верзија. Поимникот беше испечатен во октомври во тираж од 1100 копии од кои 800 на македонски и 300 на албански јазик. Промоцијата на Поимникот се одржа на 10 декември како дел од заедничкото одбележување на светскиот ден на човековите права. Поимникот е дистрибуиран до граѓанските организации, пратеници, претставници на органите на државната управа, судиите, јавните обвинители, експертите, медиумите и до меѓународната заедница во Република Македонија.

- Подготовка на закон за недискриминација
Со цел придонес кон подготовката на Законот за заштита од дискриминација коалицијата Македонија без дискриминација одржа низа состаноци во периодот мај – октомври. Бидејќи предложениот Закон за заштита од дискриминација не ги содржи неопходните одредби за кои се залагаа граѓанските организации во септември се од страна на експерти и претставници на граѓанските организации изготвени се предлог препораки за дополнување на предлог Законот. Препораките се базирани на компаративна анализа на слични закони пред се на земјите од регионот, како и на преглед на домашната регулатива. Предлог препораките се доставени до Министерството за труд и социјална политика. Исто така тројца претставници на коалицијата учествуваа на три јавни расправи за предлог законот во Битола, Куманово и Штип. Дополнително, ставовите и мислењата на граѓанските организации беа изнесени и пред експертите на Венецијанската комисија на Советот на Европа и на ОДИХР.
Во рамките на проектот беше организирана тркалезна маса во соработка со институцијата Народен правобранител на која клучна расправа беше потребата од донесување на Законот за заштита од дискриминација.

- Не реализирани активности
Во рамките на проектот беше предвидено организирање на студиска посета во една земја од регионот која пред се ќе има задача да ги истакне предностите од воспоставување тело за заштита од дискриминација кое ќе функционира според париските принципи, но истата не е реализирана поради продолжувањето на роковите за донесување на Законот за заштита од дискриминација.

Периодот на спроведување на проектот беше 1 април – 15 декември 2008 година.

Активностите се спроведуваа во координација со вклучените граѓански организации.

Вкупниот буџет изнесува 269.000 денари.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë