Правна рамка за недискриминација - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Правна рамка за недискриминација - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Во Македонија, согласно Уставот и законите и сите ратификувани документи од страна на Република Македонија сите граѓани ги уживаат основните човекови права и фундаментални слободи.

Поимник на изрази поврзани со недискриминацијатаСо ова, Македонија е обврзана да презема соодветна акција за заштита од дискриминација. И покрај тоа, сепак земјата се уште нема законодавство и општа правна рамка која е посветена на недискриминаторската димензија. Постојат само спорадични напори соодветно да се регулира оваа област, но приодот е карактеризиран како не-систематски (ad-hoc).

Дел од проблемот претставува непостоење на унифицирани дефиниции и терминологија. На почетокот на годинава, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за недискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело.

Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Цел на проектот е придонес кон воспоставување стратегија и законодавство за недискриминација во Република Македонија.

Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа.

Целното подрачје е Република Македонија.

Очекувани резултати од проектот се: изготвен поимник и дефиниции од областа на недискриминацијата;изготвена компаративна анализа на меѓународни стандарди и најдобри практики и анализа на домашното законодавство; разменети искуства за недискриминација со земјите од регионот.

Проектот ќе се состои од четири активности:

Изготвен поимник за недискриминација
Една работна група ќе ги селектира најупотребуваните термини во полето на недискриминацијата и ќе предложи дефиниции и објаснувања адекватни на македонскиот контекст (и јазик). Ќе биде објавена публикација по приспособувањата на терминологијата, за да служи при изготвувањето на Законот за недискриминација, но и како водич за понатамошната работа на граѓанските организации и државните институции. Исто така поимникот ќе биде дистрибуиран и до други релевантни институции и пошироката јавност.

Компаративна анализа и студиска посета
Работна група, поддржана од индивидуални експерти, ќе работи на собирањето споредбени искуства во другите земји за постоечките системи за заштита од дискриминација. Групата ќе ги анализира тие искуства и нивната примена во локалниот контекст и пракса, со цел да се постави основа за развој на најсоодветниот модел за Македонија. Во овој дел ќе биде предвидена и една студиска посета, во земја од регионот (пр. Бугарија). На крајот на процесот, групата ќе ги презентира заклучоците, кои ќе бидат објавени во публикација.

Анализа на постоечкото домашно законодавство и пракса
Паралелно со анализата на меѓународните решенија, одделна работна група ќе ги анализира постоечките механизми во Македонија. Наодите ќе бидат дел од публикацијата за компаративната анализа со посебен осврт на воспоставување независно тело за човекови права.

Подготовка на закон за недискриминација
Претставници на граѓанските организации ќе бидат дел од работната група која го изготвува Законот за недискриминација. Покрај активностите наведени погоре кои ќе придонесат во формулацијата на Законот, во рамките на проектот ќе бидат организирани две јавни расправи со граѓанските организации за содржината на Законот.

Периодот на спроведување е 1 април – 31 декември 2008 година.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со секретаријатот на коалицијата и ангажираните експерти. МЦМС во консултации со вклучените организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

Завршен извештај на проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë