Односот на Законот за заштита од дискриминација и Охридскиот рамковен договор |
E premte, 05 mars 2010 14:13 | |||
Настанот се одржа во Свечената сала на Ректоратот во Државниот Универзитет Тетово - Тетово. Воведничари: М-р. Агим Нухиу, Декан на правниот факултет, Д-р. Арта Билали, Мирјана Најчевска и Сашо Клековски. Трибина “Заштита и спречување на дискриминацијата“ Денеска на Државниот универзитет во Тетово се одржа трибина посветена на прашањето на „Заштитата и спречувањето на дискриминацијата“. Во тој контекст се зборуваше за рамковниот договор како еден од механизмите за заштита од дискриминација. Трибината е во рамките на прокетот „Македонија без дискриминација“, поддржан од канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Според професорката Мирјана Најчевска, Охридскиот договор обезбедува заштита во областа на институционалната дискриминација и тој не е инструмент за апсолутна заштита од сите меѓуетнички проблеми. Сашо Клековски од Македонскиот центар за меѓународна соработка оцени дека со Охридскиот договор Албанците како колектив се заштитени од дискриминацијата, но не и како поединци. Според него, Владата треба да има план за социјалното вклучување и дека измени во оваа сфера не се невозможни. Извор: Алсат ТВ (04.03.2010)
Извор: КИСС Тв (04.03.2010)
|