Во пресрет на првата сеопфатна студија за Рамковниот договор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во пресрет на првата сеопфатна студија за Рамковниот договор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 21 korrik 2011 16:13

Работната верзија на студијата за Охридскиот рамковен договор (ОРД) беше презентирана пред 13 членови на Советодавниот комитет за истоименото истражување. Членовите на Советодавниот комитет, претставници на институциите релевантни за спроведувањето на ОРД ги слушнаа првичните наоди и заклучоци за околината во која тој се спроведува, структурата за негова поддршка и спроведување, постигнувањата и влијанието во повеќе области, како и за меѓуетничките односи.

vo-presret-na-seopfatna-studija-za-ramkoven-dogovor

По презентацијата следеше расправа за наодите и предлози за надградување, објавување и понатамошно користење на студијата. Исто така, членовите ги предложија и препораките, кои ќе бидат составен дел од студијата. „За прв пат имаме сеопфатна студија за спроведувањето на ОРД, заснована на факти, со користење повеќе релевантни методи на истражување" - беше најчестиот коментар на членовите на Советодавниот комитет. Членовите предложија МЦМС да започне со серија расправи меѓу клучните чинители за повеќе заклучоци кои произлегуваат од студијата.

Истражувањето за ОРД има за цел да овозможи целосна анализа на договорот, која ќе придонесе за подобрување на разбирањето за постигнувањата на ОРД и за аргументиран дијалог помеѓу политичките претставници, државните институции, граѓанскиот сектор и јавноста. Истражувањето треба да ги констатира постигнувањата, лоцира слабости и да предложи методи за нивно надминување.

Студијата за ОРД, која ја подготвува МЦМС и еден од продуктите на истражувањето, цели да придонесе за подобрување на разбирањето за постигнувањата на ОРД и за аргументиран дијалог помеѓу политичките претставници, државните институции, граѓанскиот сектор и јавноста. Во неа се презентираат и анализираат податоците добиени од релевантните институции и официјални извештаи, анкети на населението и јавни/информирани личности, студии на случај, преглед на медиумите и интервјуа со клучни информирани личности. Студијата за ОРД ја подготвува истражувачки тим, составен од десетина релевантни експерти од повеќе организации и институции.

Покрај студијата, МЦМС посебно ќе ги објави студиите на случај и интервјуата. Студијата ќе биде објавена во неколку делови во текот на август и септември 2011 г.

Состанокот на Советодавен комитет се одржа на 20 јули 2011 г. во Скопје. Целите на состанокот беа да се даде повратна информација за наодите од истражувачките активности и да се предложат можни заеднички заклучоци и препораки.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Во пресрет на првата сеопфатна студија за Рамковниот договор