Јакнење на теолошките факултети - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на теолошките факултети - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Уште од 2003 година преку програмата МСМ, МСМС ја поддржуваше соработката помеѓу верските заедници. Во овој период преку програмата беа отворени две Канцеларии за соработка на Православниот богословски факултет (ПБФ) и Факултетот за исламски науки (ФИН) со цел да се подобри соработката помеѓу овие два факултети, но и помеѓу нив и верските заедници кои немаат факултети во државата (Католичката црква (КЦ) Еврејската заедница (ЕЗРМ) и Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ)).

МСМ102Преку овие канцеларии беа реализирани низа заеднички активности (предавања, посети на теолошки училишта и верски заедници и сл). Оваа активност уште на самиот почеток беше поддржана од двата теолошки факултети кои обезбедија простории за канцелариите, но исто така и партиципираа со свои средства за нивното одржување.

Оваа година преку Канцелариите за соработка ќе бидат координирани и реализирани планираните активности од програмата (предавања, посети и сл.), а во активностите ќе бидат вклучувани другите верски заедници (КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ). Канцелариите за соработка ќе имаат едно одговорно лице, чии што обврски ќе бидат поврзани со имплементирање на програмата МСМ до предвидениот рок.

Одговорностите на Соработниците на проекти од факултетите ќе бидат поврзани со планирање и организација на настаните од програмата, промовирање на активностите пред студентите од факултетот, подготовка на тековен и завршен извештај за проектот, како и воспоставување на соработка со другите верски заедници. Канцелариите се наменети за развој на меѓуверскиот дијалог, подигнување на свеста кај студентите за потребата од него, како и зголемување на соработката помеѓу теолошките факултети и верските заедници.

Општа цел е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Цел на проектот е да се зајакнат капацитетите кај студентите и членовите на верските заедници за меѓуверски дијалог и да се зголемат знаењето и разбирањето, кај нив за нивните колеги од другата (религија/конфесија/вера) институција.

Целна група се професорите и студентите на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки и членовите на верските заедници. Проектот ќе се спроведе во Скопје.

Проектот ќе резултира со подобрено образование на верските заедници едни за други и продлабочување на нивната соработка. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: желбата за соработка со различни верски заедници; мотивацијата на вклучените страни за ефикасно и ефективно спроведување на активностите, како и дека кај студентите постои желба и интерес за учество во активностите од програмата МСМ.

Носител на проектот е МЦМС. Теолошките факултети ќе бидат одговорни за спроведување на проектот.

Временски период на спроведување е 31 март – 10 јули 2008 година.

Буџетот на проектот е 216,600 МКД од кои МЦМС ќе обезбеди 173,300 МКД, а теолошките факултети 43,300 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Јакнење на теолошките факултети - извршно резиме