Форуми во заедницата Ресен и Битола |
E enjte, 06 nëntor 2008 11:00 | |||
Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците преку зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните. Цел на проектот беше воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците. Целна група на проектот беа граѓаните од општините Ресен и Битола. Целното подрачје ја опфати територијата на двете општини. Со проектот се постигнаа следните резултати: Развиени вештини и ставови на граѓаните и ЕЛС за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на форумите. Активностите преку кои беа постигнати горенаведените резултати беа:
Во рамките на форумите во општините Ресен и Битола, беа реализирани вкупно 16 сесии од кои прват беше информативна, додека последната т.н. последователна сесија се одржа на крајот на проектот и имаше за цел да ги презентира постигнатите резултати од реализираните проекти избрани на форумите од самите граѓани. На сите форумски сесии вкупно учествуваа 1391 жители на двете општините, од кои 735 жители на општина Ресен и 656 жители на општина Битола, или просечно по 91,87 во Ресен, односно 82 во Битола на една форумска сесија. Помеѓу сесиите одржани беа повеќе работилници и обуки за проектно планирање, обука за формулација на проекти и обука за подготовка на буџети кои овозможија квалитетна подготовка на предлог проектите предложени од страна на учесниците на форумите. МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со општина Ресен и општина Битола имаа одговорност за негово спроведување. Временскиот период на спроведување траеше од 21 октомври 2008 до 30 ноември 2010 год. Вкупниот реализиран буџет изнесува 21.975.155 МКД. Проектот е финансиран од СДЦ и општините Ресен и Битола.
|