Сител: Седум години од рамковниот договор |
E mërkurë, 13 gusht 2008 01:00 | |||
Карта за Европа, клуч за мирот. 7 години по потпишувањето на Рамковниот договор вака дел од експертската јавност го оценува неговото значење. На трибина организирана од Институтот за политички и интеркултурни студии албанскиот партнер во актуелната Влада во отсуство на колегите од ВМРО ДПМНЕ оцени дека е потребна поинтензивна имплементација на Рамковниот. - Во нормативниот дел нема многу работа, но ќе мора интензивно да работиме на имплементацијата. Многу општини се соочуваат со потешкотии во спроведувањето на законите - вели Абдулаким Адеми. Обновените барања на бранителите, на борците на ОНА и раселените потсетуваат дека приказната не е завршена – вели директорот на МЦМС Сашо Клековски. Но до сега оствареното смета дека е успех и за Македонците и за Албанците. Законот за јазиците беше оценет како клучен за реализација на одредбите од Рамковниот договор. Експертите за Сител пак анализираа дека токму тука се гледаат отстапувања од флексибилниот договор од 2001. Опозиционата ДПА поради овој закон го напушти Парламентот, а вчера оцени дека Рамковниот договор е мртов. Адеми за ваквиот став на ДПА коментира дека е слушнат во повеќе наврати но во пракса се потврдило дека Договорот функционира и ја носи државата напред. Извор: Сител (13.08.2008)
|