Доделени 10 грантови за унапредување на внатрешните структури на управување - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени 10 грантови за унапредување на внатрешните структури на управување PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 11 korrik 2018 15:41

Се финализираше постапката за избор на 10 грантови во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“.

Dodeleni 10 grantovi za unapreduvanje na vnatreshnite strukturi na upravuvanje 1

Добитници на грантовите се следните организации:

Активностите на организациите опфаќаат различни сегменти на добро управување како: воспоставување на систем на оцена за вработените, воспоставување на правилници за финансиско работење, набавки, правилник за алокација на средства од донации и економски активности, подобрување на водењето на човековите ресурси, систематизација на работни места, формирање на волонтерски центар, воспоставување на деловодници за работа на управните органи на организациите, воспоставување на одредби за транспарентност и отчетност и политики за спречување конфликт на интерес, и итн.

Dodeleni 10 grantovi za unapreduvanje na vnatreshnite strukturi na upravuvanje 2

Доброто управување, отчетноста и транспарентноста бараат особена посветеност, планирање и инвестирање на одредени ресурси. За возврат, таквите граѓански организации се препознатливи, влијателни и успешно ја остваруваат својата мисија.

Грантистите ќе ги имплементираат проектите во период од 1 јули 2018 до 31 декември 2019 г. Во овој период тие ќе бидат вклучени и во останатите активности во рамки на програмата како: обуки на тема добро управување прилагодени на потребите на организациите, национални конференции, локални настани и слично.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Доделени 10 грантови за унапредување на внатрешните структури на управување