А1: Страница за меѓусебно разбирање во дневните весници - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Страница за меѓусебно разбирање во дневните весници PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 14 gusht 2003 01:00

„Меѓу тоа“ е насловот на страницата што од денеска па во наредните речиси две години секој четврток ќе се објавува во пет весници на македонски и на албански јазик, а постојано и на веб страницата на МИА, со цел подобро, пообјективно и сестрано информирање на јавноста за меѓуетничките односи во Македонија.

Рашомонијада или колку медиуми толку вистини. Информираат, дезинформираат, коментираат и го градат јавното мислење. Кој колку им верува и дали може да им верува. Тотално различни или сосема исти начини на третирање на еден настан.
Меѓутоа, денеска во пет дневни весници - „Утрински“, „Дневник“, „Лоби“, „Факти“ и „Вечер“ се појави страница за меѓусебно разбирање.

„`Меѓу тоа` ќе ги стави на едно место текстовите на новинарите од овие пет весници кои за еден настан различно гледаат на работите за читателот самиот да донесе заклучок како да го изгради ставот по тоа прашање, проблем или настан“, изјави Гонца Јаковлевска, соработник за односи со јавноста на МЦМС.

megutoaНо, не само читателите, и новинарите ќе поразговараат зошто така различно известуваат за еден настан.

„Меѓу тоа“ следните дваесет месеци ќе излегува секој четврток со текстови кои ги третираат најчувствителните содржини - меѓуетничките односи во Македонија.

„Здружението на новинари нема намера да се меша во уредувачката политика на редакциите и во начинот на кој новинарите од овие пет весници ги пишуваат текстовите“, вели Снежана Лупевска од ЗНМ.

Уредувачкиот одбор го сочинуваат новинари од сите пет дневни весници, МИА, МЦМС и Здружението на новинарите, како и постојана поддршка од Европската агенција за реконструкција.

„Убедена сум дека сите новинари ќе пишуваат содржајни статии за да ги предизвикаат грешките кои доведуваат до поголем број погрешни сфаќања и недоразбирања“, рече Јута Булинг, претставник на ЕУ.

Видливоста на страницата ќе ја покаже пулсот на јавноста мерен преку анкети.

Извор: А1 (14.08.2003)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat А1: Страница за меѓусебно разбирање во дневните весници