А1: А1 доби признание за демократија и одржлив развој |
E mërkurë, 11 qershor 2003 01:00 | |||
Во годината кога го прослави јубилејот 10 години постоење, А1 Телевизија доби уште едно призание - награда за долгогодишен придонес во развојот на граѓанското општество и демократијата, што ја додели Македонскиот центар за меѓународна соработка. А1 е првата независна телевизија која во 1993 година го започна процесот на плурализација на медиумите и во годините потоа придонесе во јакнење на одговорноста на јавниот, на приватниот и на граѓанскиот сектор, е образложението за наградата. „А1 е добитник на наградата за поддршка на демократијата и за доброто владеење, односно за промоција на независни и одговорни медиуми и за слобода на печатот“, изјави Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС. Како што истакна Клековски, А1 со информативната програма придонесе во промоција и заштита на човековите права и во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено во конфликтот во 2001 година, кога со своето информирање поттикнуваше ненасилство и во сите изборни процеси придонесуваше за фер и демократски избори. „А1 е во многу искрен однос со гледачите. Постои десет години, а мислиме да продолжиме на овој начин затоа што преку анкетите гледаме дека народот го признава овој однос. Информативната програма на А1 е лидер“, изјави сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски. Добитници на наградата за граѓанско општество и демократија од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка се и Македонското женско лоби за постигнувања во минатата година и „Роса“ и „Натира“ за соработка. Наградата за одржлив развој „Херт Јан Ван Апелдорни“ ја добија Боге Чадиновски за дологогодишен придонес и „Алкалоид“. Извор: А1 (11.06.2003)
|