Вест: Поплавени две населби во Куманово |
E hënë, 01 shtator 2003 01:00 | |||
Реките Којнарка и Липковка вчера се излеаја и поплавија 100 куќи и неколку станбени згради во кумановските населби "Средорек" и "Водовод", поради што 1.500 луѓе ги напуштија домовите Завчера вечер кумановските населби "Средорек" и "Водовод 1" беа поплавени со вода од излевањето на реките Којнарка и Липковка, предизвикано од обилните дождови. Во двете населби биле поплавени околу 100 куќи и повеќе колективни станбени згради, а околу 1.500 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Жителите од населбата Средорек, која главно е населена со сиромашно ромско население, биле евакуирани во месната заедница "Средорек", а од населбата "Водовод 1" кај семејства. Поплавите предизвикале оштетување на пет трафостаници и прекин на електричната енергија во овие две населби. Загрозените семјества како првична помош од министерот Владо Поповски добиле 300 кебиња и храна. Слободан Ковачевски, градоначалникот на општина Куманово, вели дека од увидот на терен констатирале дека нема услови за враќање на луѓето во нивните домови, поради што побарале од министерот за образование Азис Положани да им дозволи да ги сместат во спортските сали на двете основни училишта во Куманово. Извор: Вест (1.септември.2003)
|