Намалување на корупцијата во јавните набавки преку засилена контрола |
![]() |
![]() |
![]() |
E hënë, 22 qershor 2015 15:35 | |||
Автор: Сабина Факиќ
Станува збор за активност која подразбираше измени на Законот за јавните набавки со цел да се овозможи надлежната институција од оваа област, Бирото за јавни набавки, од орган на државната управа во состав на Министерството за финансии, да прерасне во самостојна агенција и активно да се вклучи во следење на постапките за јавни набавки преку контрола на законитоста на преземените дејства и утврдување на неправилностите и известување на јавноста за тоа. Во рамките на ова истражување дадени се низа студии на случај кои ја потврдуваат потребата од воведување контрола во јавните набавки. Во услови на широко распространета корупција во областа на јавните набавки, потребно е подобрување на законската регулатива и засилување на одговорноста од носителите на власта во насока на наменско и рационално трошење на јавните пари низ еден транспарентен и отчетен процес.
|