Извештај за проценка на корупцијата во Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
E martë, 14 tetor 2014 15:52 | |||
Автори: Емина Нурединоска, Марија Саздевски, Борјан Ѓузелов
Извештајот е сочинет од седум дела. Во првиот дел е анализирано нивото на корупција во Македонија врз основа на наодите од две анкети: со население и со претставници од деловниот сектор. Во овој дел, преку седум индекси даден е одговор за актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови кон корупцијата и за перцепциите за корупцијата. Антикорупциските политики и правната рамка се презентирани во вториот дел, додека институционалните практики и спроведувањето на законите се опфатени со третиот дел. Четвртата тема на овој извештај е улогата на судството во справувањето со корупцијата, а петтата се занимава со опкружувањето и влијанието на ефектите од коруптивните дела врз развојот на економијата. Шестиот и седмиот дел се однесуваат на грѓанското општество и неговата улога во борбата против корупцијата, како и меѓународната соработка и поддршка за анти-корупциските политики и мерки.
|