Интегрирано раководење со проектен циклус |
E diel, 10 shkurt 2008 14:06 | |||
Раководење со проектен циклус значи адекватно раководење и фацилитирање со портфолиото на проекти или програми. Раководење со портфолио на проекти или програми е комплексно заради големиот број на интервенции кои се превземаат како и големиот број на вклучени страни. РПЦ е комбинација на пристап, употреба на различни инструменти како и поврзување на овој пристап и инструменти во административни процедури и системи на организацијата. Пристапот е фокусиран на три главни прашања: креирање на заедничко разбирање на процесите; концептите и критериумите за донесување на одлуки; креирање на чувство на сопственост и посветеност на вклучените страни; како и подобрување на капацитетот за учење на вклучената организација. Главен употребен инструмент е Логичката Рамка. Логичката рамка не само што овозможува подобра формулација и проценка на индивидуалните интервенции, туку овозможува ефективно набљудување и оценка во спроведувањето. Употребата на овој инструмент само може да го зголеми влијанието на сите индивидуални проекти затоа што тие ќе бидат селектирани и поврзани во насока на другите интервенции кои што нашата организација ги превзема. Добро поставени процедури и јасна дистрибуција на одговорности помеѓу сите засегнати страни е придонес кон непречено поминување на проектот во сите фази. Овој инструмент е користен и во најголемите државни институции и развојни агенции каде што индивидуалните интервенции можат да го постигнат своето максимално влијание само ако се гледаат интегрирано заедничко со другите. Употребата на административните процедури како и инструментите само ќе ја зголеми ефективноста во комуникацијата помеѓу засегнатите страни, а тоа пак ќе води кон зголемување на ефикасноста. Содржина
|