Реновирање на основни училишта во рурални заедници |
E mërkurë, 04 gusht 2010 15:21 | |||
Општа цел на проектот беше подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта. Цел на проектот беше условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето. Целна група на проектот беа учениците и вработените во основните училишта: „Александар Турунџев“, с. Кукуречани (Битола); „Гоце Делчев“, с. Ангелци (Василево); „Гоце Делчев“, с. Конче (Конче) и „Исмаил Ќемали“, с. Црнилиште (Долнени). Директни корисници се 837 ученици и 96 вработени од четири основни училишта. Постигнати резултати од проектот се: реализирана целосна реконструкција на просториите од првото ниво на училишната зграда во ОУ с. Кукуречани; реконструиран училишен објект (внатрешни ѕидови, плафон, под, пристапна рампа, електрика и греење) во ОУ с. Ангелци; и набавени нагледни средства и книги за библиотеките во ОУ с. Конче и ОУ с. Црнилиште. Овa иницијатива претставува продолжение од претходните три години, односно Сокотаб од Швајцарија во соработка со своите партнери обезбеди нови средства за понатамошно реновирање/опремување на руралните училишта во региони каде преовладува производството на ориентален тутун. На 14 декември во присуство на Министерот за образование, делегација од Турската амбасада, градоначалникот и голем број присутни од локалната заедница свечено беше пуштено во употреба реконструираното основно училиште во с.Ангелци, општина Василево. Буџетот изнесува 5.171.570 МКД. Проектот е финансиран од Сокотаб Франа СА од Швајцарија и неговите партнери.
|