Студиска посета за локалната самоуправа во Северна Ирска - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета за локалната самоуправа во Северна Ирска PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 17 dhjetor 2010 12:28

Од 5-ти до 10-ти декември 2010 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше студиска посета во Омах (Северна Ирска), чија цел беше да се даде одговор на прашањето „Како заеднички да се испорачаат услуги во поделено општество во време на економска рецесија“.

Студиска посета за локалната самоуправа во Северна Ирска

Студиската посета беше дел од проектот „МОСТ“ кој заеднички го спроведуваат МЦМС и граѓанската организација Mediation Northern Ireland од Белфаст, кој е финансиран од страна на Европската Унија и е дел од програмата Мир III. Во оваа посета учество земаа вкупно 13 претставници од различни институции и граѓански организации од Македонија: Собрание на Република Македонија, Министерство за локална самоуправа, Универзитетот Југоисточна Европа (ЈИЕ), општините Тетово, Јегуновце и Теарце; Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и граѓанските организации „Центар за едукација и развој“ од Теарце и МЦМС.

Во текот на посетаta учесниците имаа можност да се сретнат со претставници од институции од Северна Ирска: НИЛГА (Northern Ireland Local Government Association); Фондот за интегрирано образование, Советот на општината Омах, двете основни училишта во областа Кастелберг, Парламентот на Северна Ирска, како и претставници на Општината Слиго, која се наоѓа во Република Ирска. Тие присуствуваа и на состанок Советот на општината Омах, како и на еднодневната работилница на тема „Колаборативно водство за развој на заедничко општество , историските дилеми, сеќавања и културата во пост-конфликтното општество“.

За време на средбите учесниците запознаа не само со начинот на работењето на погоре наведените институции, туку и со деталната историја на Северна Ирска и Република Ирска, како и долгогодишниот конфликт помеѓу Католиците и Протестантите во Северна Ирска и реформите кои се спроведени како резултат на мировниот договор од Велики петок (Good Friday Agreement) од 1998 година.

Претставниците на НИЛГА детално ги запознаа учесниците со надлежностите кои ги имаат локалните власти и нивната зависност од централната власт, како и фазата од процесот на децентрализацијата, која се однесува на промената на бројот на општините за 2011 година, како и промените на надлежностите кои ќе бидат пренесени на локално ниво со оваа промена.

Студиска посета за локалната самоуправа во Северна Ирска

Претставниците на фондот за интегрираното образование ги запознаа учесниците со образовниот систем во Северна Ирска и неговите специфични карактеристики (поделеност на католички и протестантски училишта, како и половата поделеност – машки и женски училишта), како и со проектот за основање на интегриран кампус на училишта кој е планиран за во иднина, кој е под големо прашање дали ќе биде стабилен поради фактот што некои од училиштата кои треба да бидат дислоцирани во тој кампус се уште не дале согласност за нивна дислокација.
Овие средби им овозможија на учесниците да се запознаат со искуствата на Северна Ирска во процесот на децентрализацијата. Разговорите поттикнаа подлабоки размислувања за моменталните предизвици присутни во процесот на децентрализацијата и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и поголеми разбирања за причините кои довеле до конфликтот во Северна Ирска.

„Со посетата на Северна Ирска имав прилика да се запознам со поразлични општествени односи и чинители во едно општество од оние во Република Македонија. Сепак,иако постојат големи различности, двете земји ги поврзуваат слични сегменти од општествениот живот на чие унапредување треба да се посвети континуирано внимание. Јас не сум политички аналитичар, но мој впечаток е дека разликите во Северна Ирска потешко ќе можат да се „испеглаат“ и покрај континуираните обиди на поединци и групации. Од тоа што имав прилика да го видам,мој впечаток е дека за надминување на постоечката состојба која трае со векови, нема искрена желба кај поголемиот дел од граѓаните“, беа впечатоците на Војислав Антовски од општина Јегуновце.

„Студиската посета во Северна Ирска беше продуктивно и интересно. Имав можност да се запознам со историјата на тој народ низ векови. За жал, поделеноста врз верска основа, која се одразуваше во образованието, вработувањето и во други сегменти беше особено изразена. Добар чекор во надминување на некои од разликите е постигнатиот договор во 1998, наречен „Велики Петок“, кој според изјавите на нашите соговорници бил спроведен во целост. Меѓутоа се забележа како негативно, покрај споменатото и самото функционирање на системот кој се уште е централизиран“, ни изјави Илјаз Халими од општина Тетово.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Студиска посета за локалната самоуправа во Северна Ирска