Добри практики во партиципативното буџетирање во Албанија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добри практики во партиципативното буџетирање во Албанија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 13 prill 2010 08:40

МЦМС во партнерство Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, од 6 до 9 април, во Тирана, Република Албанија, организираше студиската посета на тема партиципативно буџетирање. Учесници на обуката беа единаесет претставници од Собранието и Владата на Република Македонија, локалната самоуправа, Универзитетот „American College“  и  неколку граѓански организации.

Добри практики во партиципативното буџетирање во Албанија

Целта на студиската посета беше да им се овозможи на учесниците да се запознаат со најдобрите практики за партиципативен пристап во набљудувањето и оценката на буџетскиот процес во Република Албанија.

Релевантните државни институции и граѓански организации на учесниците им ги претставија правната регулатива и искуствата при имплементацијата на партиципативното буџетирање на национално и локално ниво.

Учесниците го посетија Здружението на општините на Албанија. Таму им беше претставено функционирањето на локалната самоуправа, системот на регионите и општините, изворите на финансирање на општините и новините во законодавство. Домаќините организираа и посета на Парламентот и средби со претставници од парламентарната Комисија за економија и финансии. Во Министерството за финансии на учесниците им беше претставен процесот на подготовка на буџетот и новиот пристап кон програмски буџетски процес.

Дел од добрите практики беа во граѓанскиот сектор. Учесниците го посетија Институтот за урбано истражување кој во соработка со Светската банка го имплементираше партиципативно буџетирање во три локални заедници. Го посетија и Институтот за научно истражување „Co-Plan“. Таму беше презентиран процесот на партиципативно урбано планирање каде граѓаните имаат можност да учествуват во изработката на урбанистичките регулациски планови. Учесниците ја посетија и фондацијата Сорос.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Добри практики во партиципативното буџетирање во Албанија