Започнува со работа првиот Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и РМ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започнува со работа првиот Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и РМ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 24 shtator 2009 09:31

[Прес соопштение] На 25 септември 2009 година, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) ќе биде домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија. ЗКК е заедничко консултативно тело кои има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.

На настанот, меѓу другите, ќе говорат г. Џелал Бајрами, Министер за труд и социјална политика и г. Дирк Ланге, Директор за проширување во Европската комисија, кој го претставува Комесарот за проширување, г. Оли Рен.

Двете главни точки на дневниот ред се да се следат односите меѓу ЕУ и Република Македонија и влијанието на финансиската и економската криза врз Македонија. ЗКК ќе усвои препораки до Владата на Република Македонија, Советот на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент.

Ова новоосновано заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија (по 6 претставници од секоја страна) и ќе се среќава двапати годишно. Ќе биде ко-претседавано од г-ѓа Владимира Дрбалова, член на ЕЕСК (Група на работодавачи, Чешка Република) и Директор за европски прашања на Индустриската конфедерација на Чешката Република и Г. Сашо Клековски (Група граѓански организации), Извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Членови на македонската страна од група 1 – работодавачи се: Лидија Групчева, ОРМ , Миле Бошков, ЦЕРМ; група 2 – синдикати: Ванчо Муратовски, ССМ, Слободан Антовски, УНАСМ; група 3 – граѓански организации: Сашо Клековски, МЦМС, Дарко Алексов, Граѓанска aсоцијација МОСТ. Постојани набљудувачи на македонската страна се Ибраим Ружди, КСС, Марјан Ристески, КСОМ, Блерим Златку, Стопанска комора за северозападна Македонија, Трајан Димковски, Фармерска федерација на Република Македонија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започнува со работа првиот Заеднички консултативен комитет на граѓанското општество на ЕУ и РМ