Креирање политики по „Англиски“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Креирање политики по „Англиски“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 23 qershor 2009 10:07

Од 8 до 12 јуни во Лондон, Велика Британија МЦМС во партнерство и со финансиска поддршка од  ОБСЕ организираше обука и студиска посета за група претставници од три граѓански коалиции на тема „Вклучување на граѓанските организации во креирањето на политиките“. Учесници на обуката беа седум претставници од коалициите: Граѓанска платформа на Македонија, Македонија без дискриминација и коалицијата Сите за фер и правично судење.

Креирање политики по „Англиски“

Целта на обуката беше да им се овозможи на учесниците да се стекнат со општи принципи, насоки, механизми и алатки за вклученоста на граѓанските организации во креирањето на политиките.   Додека со студиската посета требаше да се споделат искуствата со системот и практиките на вклучување на граѓанските организации во Англија, како и научени лекции од спроведувањето на оваа практика.

На дводневната обука учесниците имаа можност да слушнат за теоретските пристапи за застапување и лобирање и за вклучувањето на граѓанските организации во креирањето на политиките, но исто така имаа можност за практична работа на конкретни примери кои што овозможуваа запознавање со практични алатки и механизми за: определување на прашања за кои што ќе се водат политиките, анализа на проблемите, видови на партнерства, анализа на засегнатите страни, мониторинг на активностите и сл.

Преостанатите два дена беа искористени за споделување на искуствата со релевантни државни институции и организации за вклучувањето на граѓанските организации во креирањето на политиките во Англија, во областите кои беа од интерес за претставниците на коалициите за кои што беше наменета студиската посета. Првиот состанок беше со Владината канцеларија одговорна за граѓанскиот сектор (Third Sector Cabinet Office), која што е од големо значење во развојот на граѓанскиот сектор во Англија. Истиот ден беше остварена средба со Британскиот институт за човекови права.

Во продолжение, беа разменети искуства со најголемата граѓанска коалиција во Англија, Националниот совет за волонтерски организации (NCVO) кои се и партнерите во спроведувањето на од државата прифатен Компакт односно договорот за соработка на државата со граѓанскиот сектор. Исто така, учесниците имаа можност да се сретнат и со претставници од Британската мрежа на организации за развојна помош (BOND). На крај беа разменети искуства со организацијата која се занимава со заштита на човековите права Либерти.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Креирање политики по „Англиски“