Раководење со човечки ресурси за општинската администрација |
E martë, 16 qershor 2009 09:52 | |||
Во периодот од 9 до 12 јуни оваа година, во х. Милениум палас во Охрид, МЦМС ја спроведе обуката за раководење со човечки ресурси. На обуката учествуваа 14 претставници од општините: Долнени, Могила, Конче, Лозово, Чашка, Желино, Велес и Прилеп. „Обуката сметам дека беше корисна поради тоа што научив многу нови работи, кои ќе ми бидат од голема корист во мојот понатамошен професионален развој. Најголем впечаток од обуката ми остави делот кој се однесуваше на апликациите за работните планови, бидејќи сметам дека без овие алатки не може да се оценат вредностите и квалитетите на еден работник. Во нашата општина, дел од обуката би можел да пренесам преку советување на колегите, меѓусебните разговори и одржување на работен состанок , на кој би ги пренел моите стекнати сознанија од оваа обука“ изјави Благој Јованов од општина Конче. „Искуствата стекнати од оваа обука ќе ги применам во раководењето со моето одделение. Исто така, со оваа обука ја воочив разликата помеѓу работењето на одделението со план и без план за работа. Најголем впечаток од обуката ми остави сесијата која се однесуваше на тимското работење, односно пречките за работа во тим и изнаоѓање на решенија за нивно отстранување“, ни рече Славица Переска од општина Велес. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат со модел, процеси, инструменти за раководење со човечки ресурси во општините; Систематизација: органограм и опис на работно место; Анализа на капацитетот и профилот на вработените; Проценка на потребниот број на вработени за остварување на целите на секторот / одделението; Конфликти во тим / Разрешување на конфликти; Стрес и менаџмент на стресот; Етички кодекс на локалната администрација и др. Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Дијана Белевска.
|