Презентациски вештини за адвокатите |
E diel, 14 qershor 2009 09:43 | |||
На 6 и 7 јуни 2009 година се одржа првиот од трите дела од обуката за презентациски вештини и обуката за обучувачи наменети за адвокати, а на барање на Одделот за владеење на правото во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. Паралелно со оваа, адвокатите имаа можност да посетат и неколку тематски обуки кои се однесуваат на новините во Законот за кривична постапка, а кои исто така беа организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ. Во тематските делови тие работеа на истражните техники на бранителот и подготовка на теорија на случај како и на теориите и техниките на вкрстеното испрашување. Подобрените презентациски вештини и обуката за обучувачи треба да ги подготви адвокатите за улогата на обучувачи на темите што веќе ги слушале. Новите сознанија тие треба да им ги пренесуваат на посебни обуки на нивите колеги адвокати, подготвувајќи ги на тој начин за примената на новините во законот за кривична постапка. На обуката тие имаа можност да слушнат повеќе за процесот на комуникација, да ги вежбаат своите комуникациските вештини и да ги добијат основите за подготовка на добра презентација. Нивната посветеност и желбата за учење се добра основа за градење на вешти обучувачи. Следните два дела од обуката се планирани за септември 2009 година.
|